Оставката на Заев е во вистински момент. Тоа е важна одлука за СДСМ, изјави политичкиот аналитичар, Љупчо Зиков во емисијата на Канал 5 ТВ, по веста за  оставката на премиерот Зоран Заев. Според него, ќе беше доцна доколку премиерот поднесеше оставка утре.

-Македонија вечерва отиде напред во политичка култура. СДСМ и Заев честитаа на победата. Мирен ден беше, како што доликува. Го разбирам Заев што кажува, вели Зиков.