Актуелниот градоначалник на Гостивар од редовите на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари прогласи убедлива победа во општина Гостивар.

Тој рече дека жителите на Гостивар гласале едногласно и одлучиле и во наредните четири години општината да ја водат Алијанса на Албанците и Алтернатива.

„Јас добив 18.000 гласови, а Али Ахмети околу 12.000 гласови. Имавме противници од целата влада кои овие две недели беа во Гостивар, но во секој случај, ако сакаат уште една рунда, ќе одиме на уште една“, рече Таравари.