Како дел од аукцијата организирана од реномираната британска куќа Сотби, која се одржа во Лондон под наслов „Уметноста на исламскиот свет и Индија“, имаше и масло на платно со портрет на султанката Хурем, сопругата на отоманскиот султан Сулејман.
Портретот е продаден за 173.000 долари. Реткиот портрет на султанката Хурем датира од крајот на 16 или почетокот на 17 век, а експертите проценуваат дека може да достигне цена помеѓу 137.000 и 343.000 долари.
Султанот Сулејман I, кој остана на власт цели 46 години, беше еден од најголемите султани што некогаш владеел со Отоманската империја.
#AuctionUpdate A 16th/17th century portrait of Roxelana (Haseki Hurrem Sultan) – the legendary wife of the longest-reigning Ottoman Sultan, Suleyman the Magnificent – sells for £126,000 pic.twitter.com/yqmO16frz2
— Sotheby’s (@Sothebys) October 27, 2021
Хурем, која западниот свет ја памети како Рокселана, по потекло била од денешна западна Украина, а откако влегла во харемот на султанот Сулејман, таа набрзо станала негова омилена жена. Султанот прво го прекршил правилото со тоа што и дозволил да му роди четири сина, а потоа повторно го прекршил и се оженил со неа.
Султанката била многу влијателна, не само како сопруга на Сулејман туку и во помагањето да управува со империјата.
Додека Сулејман отсуствувал поради освојувањето и неговите патувања, таа со писма го информирала за настаните во главниот град.
Не треба да се заборави ниту дека таа се занимавала со издвојување огромни средства за архитектура и добротворни фондации, вклучително и некои во Ерусалим.
Аукцијата вклучува метални ракотворби од 13 век, два пара очила со дијаманти и смарагд од династијата Могули (16-ти и 17-ти век), позлатен Куран, неколку астрономски инструменти, ирански минијатури, персиски тепих Полонеза и Изник плочки со тиркизни и црвени мотиви.