Државната изборна комисија на денешната прва прес конференција посочи дека излезеноста до 11 часот излезеноста е 14,18 отсто, односно 160.035 гласачи.

Највисока излезност има повторно во Ранковце каде своето право на глас го искористиле 38,2 отсто од гласачите.

Потоа следуваат Вевчани со 31,24, Демир Капија 30,14, Пехчево 28,44, Конче 26,74, Демир Хисар 25,19, Кратово 25,12, Пробиштип 24,75, Лозово 23,51, Чашка 22,73 проценти, Зелениково 21,55.