„Жестоко го поддржуваме ветото поставено од Бугарија за почетокот на преговорите на РС Македонија со ЕУ додека Скопје не ги исполни условите за почитување на човековите права на македонските Бугари, запирањето на говорот на омраза кон Бугарија и усогласувањето на учебниците со историската вистина“, изјави Владимир Перев, редовен колумнист на порталот Трибуна во емисијата „Брисел 1“ со водител познатата бугарска новинарка Милена Милотинова.

Перев изјави уште дека е задоволен од средбите на македонските Бугари со државниот врв и политичките партии во Бугарија. Тој додаде уште дека во моментот РС Македонија го кочи патот на Албанија, која според него треба да ги започне преговорите со ЕУ, ако ги исполнува сите критериуми за тоа.

Видеото погледнете го на следниот линк.