На 30.10.2021 во 01,20 часот М.Т.(44) од с.Василево пријавил дека на 29.10.2021 околу 23,30 часот, додека неговиот син лепел плакати од политичка партија во непосредна близина на домот на културата во с.Василево, дошол К.Ц.(18) и почнал да лепи плакати врз плакатите од друга политичка партија.

Потоа К.Ц. почнал да го прска со спреј малолетникот, по што физички го нападнал и му се заканил со остар предмет.

Пријавениот бил лишен од слобода и со него бил извршен разговор. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.