Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека чудно му е што премиерот Зоран Заев е многу критичен кон него, а токму со негова помош станал премиер.

„Слушам и гледам дека Зоран Заев е доста критичен со мене последно време. Чудно, да. Чудно е затоа што таму каде што е сега, е со моја помош. Гледам со ДУИ сега се во добри односи. Лани беа противници, сега се заедно. Имаат коалиција со ДУИ за овие избори. И како одговор на тоа, ние направивме соработка со ВМРО-ДПМНЕ“, вели Села.