Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, гостува вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21.

Тој посочи дека премиерот Зоран Заев не дозволувал демократија во албанскиот политички блок, стегајќи ги ДУИ, кои се 20 години на власт.

„Заев во 2015 година ни кажа демократија затоа што 10 години нема промена на власта. Е тој Заев денес не дозволува демократија кај Албанците, овозможувајќи една иста партија ДУИ, да биде 20 години на власт. Албанците бараат демократија, и таа ќе дојде“, порача Села.