Кумановци се секогаш на вистинската страна, а тоа ќе го докажеме и во недела на 31-октомври кога ќе излеземе сите на гласање и ќе го поддржиме Оливер Илиевски за градоначалник на општина Куманово. Со Илиевски ќе имате европски квалитет на живот во општина Куманово, порача Оливер Спасовски, потпретседател на СДСМ на средба со граѓаните во Куманово.

Спасовски: Обединети и сложни во недела да го поддржиме Оливер Илиевски за модерно и зелено Куманово
Тој кажа дека верува во мудроста на кумановци кои ќе застанат на вистинската страна и ќе го поддржат СДСМ и коалицијата „Најдоброто за мојата општина“, за најдоброто за Куманово.

„Куманово докажа на дело дека е град на прогресот, град на револуцијата и град на мудроста. Кумановци се секогаш на вистинската страна на историјата – кога биле положени животи за слободата, и кога предводевме во рушењето на деценискиот режим, кога донесовме тешки одлуки и ги осигуравме евро-атлантските интеграции“ – рече Спасовски.
Тој потенцираше дека за Куманово со поддршка од Владата, за само 4 години, во општината се вложени над 120 милиони евра во училишта, градинки, патишта, здравствени установи и социјални згради.

„Сега има разлика и знам дека ќе донесете исправна одлука што е најдоброто, а јас ве уверувам, Оливер Илиевски, нов градоначалник на општина Куманово е „Најдоброто за општина Куманово“.
Оливер го знаеме сите, тој е чесен човек, одговорен, упорен и вреден, домаќин човек. Оливер ја има поддршката од СДСМ, ја има мојата поддршка, Оливер ќе биде силно поддржан од централната власт, да обезбеди европски квалитет на живот во општина Куманово.

Да продолжиме да го развиваме Куманово и општина Куманово да биде европска општина.

Ве повикувам, обединети и сложни на 31-ти октомври да не седиме дома, и да не дозволиме да се врати режимот! Да заокружиме број 12, да гласаме за Оливер Илиевски и да го осигураме Најдоброто за општина Куманово! Најдоброто за сите нас“, порача Спасовски.