Министерката за одбрана Радмила Шекеринска се пофали на социјалните мрежи дека припадниците на армијата за прв пат добиле спортска опрема. Како што вели таа, тренерки, патики односно цела спортска опрема добиле секој армиски припадник, војник, подофицер или офицер.

-По новите униформи, чизми, беретки, опрема за преноќување и извидување, гортекс одела, алпинистичка и АБХО опрема…, ова е уште еден чекор со кој докажавме како треба да се гради и јакне Армијата: не со пароли и лажни ветувања, туку со чесен пристап и многу работа, порача Шекеринска