Македонија располага со вкупно 12 затвори, и сите имаат потреба од здравствен кадар. Потребни се, општи лекари, стоматолози, психолози и психијатри, но надлежните велат дека на огласите кои ги пуштаат за прием на стручни лица, немало никаква интерес во јавноста, пишува „Слободен печат“.

Во речиси сите казнено-поправни домови во земјава (вкупно 12) недостасува општ медицински кадар, како и психолози и психијатри што ќе се грижат за здравјето на осудениците и притворениците. Во затворите во Македонија не се следи менталното здравје на осудениците и не примаат соодветна терапија – вели Ина Џугуманова од Хелсиншкиот комитет, за СП.

Надлежните апелираат до Владата, да превземат нешто во врска со оваа ситуација, како на пример да додадат бонуси на плата или други бенефити за докторите, со цел да има кој да се грижи за здравјето на затворениците во Македонија.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.