Жаир Болсонаро, претседателот на Бразил, би можел да стане и првиот претседател во светот кој ќе заврши зад решетки поради коронавирусот. По шестмесечна истрага, комисијата на бразилскиот Сенат заклучи дека Болсонаро треба да биде обвинет по девет точки, меѓу кои е и злосторство против човештвото. Сепак, неизвесно е дали тоа ќе се случи.

Advertisements

Истражниот комитет на бразилскиот Сенат, под контрола на опозицијата, состави извештај на 1 300 страници за активностите на бразилските власти за време на пандемијата. Истрагата заклучува дека претседателот е „главниот виновник за грешките направени од федералната Влада за време на пандемијата“.

Прикажи повеќе