Српскиот епидемиолог и член на Кризниот штаб, Бранислав Тиодоровиќ вели дека следната недела ќе се разговара за заострувањето на мерките и дека ќе предложи ковид-пропусницата да важи и за влез во угостителските објекти пред 22 часот, но и на некои други места.

Advertisements

„Ќе биде потребно за трговски центри и поголеми собири. Ние предложивме да се намали бројот на луѓе кои можат да присуствуваат на собири. Мора да размислиме дали е нормално да се организираат свадби, забави и веселби во време кога имаме висок тренд на нови инфекции и смртни случаи. Затоа, мерките мора да се заострат“, изјави тој.

Коментирајќи го почетокот на контролата во угостителските објекти, каде престојот од вчера, после 22 часот, е условен со поседување ковид-пропусница, Тиодровиќ вели дека медицинскиот дел од Кризниот штаб на почетокот рекол дека наведената мерка нема да биде доволна.

Прикажи повеќе