Има 68 години, но каде и да ја сретнете Николинка секогаш ќе видите уредна жена, убаво облечена и нашминкана. Кога ја посетивме во пензионерски дом, ја затекнавме како плете џемпер за внукот. Никогаш не се жалев пред децата, вели Николинка, но најтешкиот момент ми беше кога почна да ми опаѓа косата од хемотерапијата, пренесува ТВ21.

Нејзиниот прв сопруг починал од рак. По 16 години се премажила, но и вториот сопруг го изгубила поради канцер. Поради истата болест останала без таткото и братот, но никогаш не се предала и продолжува да се радува и да го сака животот.

Повеќе на ТВ21