Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и Коалицијата изјави дека нема да отстапи од хумана урбанизација преку планско градење и заштита на јавниот интерес.
Општина Центар и граѓаните претрпеа огромна неправда со ГУП-от од 2012г кој конечно ќе се ревидира следната година, рече Герасимовски. Според него со постоечкиот ГУП во општина Центар било уништено зеленилото пред Градскиот трговски центар за деловен и комерцијален простор, но и многу други зелени површини во општината каде се изградија објекти.
„Јас ќе ги ревидирам сите ДУП-ови кои не се совпаѓаат со Градскиот урбанистички план. Досега преку ревидирање на девет ДУП-ви заштитивме 14000 метри квадратни зелена површина и изградивме градинка на место предвидено за деловен објект и памптрак на место на маркица за изградба на хотел. Ова е единствениот пат до хумана урбанизација. Понатаму, строго почитување и спроведување на законите за градба се императив. Со носењето на новиот закон за градба која е во финална фаза, новиот ГУП и носење на ДУП-овите на ниво на општина, Центар конечно ќе го заштитиме од градежно дивеење“ – истакна Герасимовски.
Герасимовски истакна дека со новиот ГУП кој ќе биде донесен следната година конечно ќе се предвиди урбанизација надовор од централното јадро, со што притисокот за градба во оштината значитрелно ќе се намали. ГУП-от кој веќе е во подготовка од страна на Град Скопје нема да предвидува тешка индустрија на градското подрачје, ќе предвиди хумана урбанизација на секој дел од градот а со тоа и кончена заштита на Центар“, изјави Герасимовски.
Тој рече дека во следните четири години граѓаните ќе се шетаат по најголемата пешачка зона од 70 хектари со слободен простор и многу зеленило. Герасимовски порача дека обединети со граѓаните ќе го продолжат развојот во општините и градот по што Центар и Скопје нема да претрпат ново понижување и узурпација на зеленилото со нов барок.