Голем хакерски напад е извршен во Бугарија врз Националниот систем за издавање ковид или т.н. зелени сертификати. Како што пренесуваат бугарските медиумите, нападите ги потврдуваат и од „Информативни служби“, компанија задолжена да ја одржува и развива оперативноста на информациските системи на национално значење, од каде само во изминатите три денови неутрализирале над 400 непријателски кампањи против веб-страницата за сертификати.
Во моментите на најинтензивните напади, системот не бил достапен за бугарските граѓани да може електронски да ги извадат своите ковид-сертификати.
Како што соопштиле од „Информациски служби, за време на нападите не протекоа лични податоци.
Најголем пик на нападот бил во утринските часови на 21 октомври, денот кога Бугарија ги воведе ковид-сертификатите.