Шилегов изгледа очајно и патетично, нека не ги моли граѓаните затоа што нема да му се прости неработењето и ароганцијата која сега се обидува да ја потиснува, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на интервјуто на Петре Шилегов во Канал 5 Телевизија.

Според нив, Шилегов губи со 8000 гласови.

-Тоа се 8000 причини зошто нема да биде повеќе градоначалник. А има и зошто, Шилегов ќе остане запаметен како најбогатиот градоначалник во Европа, со тоа што од една чиновничка плата успеа да го зголеми неговиот имот неколку кратно во рекордни четири години.

Шилегов кој сега моли за гласови, небаре е за греота фактот што поседува четири стана, две куќи, злато и уметнички слики вредни неколку стотици илјади евра. Петре успеа да изгради цела хациенда во Маврово и додека скопјани пливаа во дожд со години тој си одмораше на викенди.

Скопјани нема да му заборават дека гради зграда од 306 квадрати во Тафталиџе со лифт, од парите на граѓаните, стои во партиското соопштение од најголемата опозициска партија.