Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, воедно и генсек на Беса, Арјанит Хоџа во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека е спремен да се откаже од министерството само за да го добијат Тетово.

Хоџа не објасни што точно сака да порача со оваа изјава, но остави простор за евентуален „пазар“ со ДУИ за Тетово.

Дали ДУИ ќе прифати да добие дополнителство министерско место во замена за Тетово, и дали тоа место се спрема за Алтернатива, со цел да се зголеми актуелното владино мнозинство, засега не се знае.

 

Инаку, Хоџа претходно истакна дека немаат ништо против Алтернатива да биде дел од Владата.