Движењето БЕСА во првиот круг од изборите успеа да ги исполни очекувањата поставени од Изборниот штаб на партијата и нормално во вториот круг како апсолутни фаворити влегуваме во општините Тетово и Желино, велат од оваа партија.

Во писменото соопштение велат дека владината коалиција е стабилна без разлика дека на многу места во вториот круг се натпреваруваат меѓу себе.

-Владиното мнозинство е стабилно и работи исклучиво во интерес на граѓаните. Напредокот на земјата е нашата највисока заедничка цел. вижењето БЕСА е дел од стабилното владино мнозинство, велат од оваа партија.

Се огласија и од партијата ДПА, од каде исто така велат без разлика на исходот на Локалните избори, остануваат дел од владата предводена од СДСМ.