Триесет илјади гласови кои ги добивме во првиот круг на локалните избори не смееме да ги изневериме. Остануваме во владината коалиција, но по вториот круг сериозно ќе разговараме со нашите политички партии да се смени нешто во начинот на владеење. За вториот круг сметаме дека нашите гласачи се доволно интелигентни и не треба да ги насочуваме за кого да го дадат гласот, порачаа лидерката на ДОМ, Маја Морачанин од Движењето „Одлучно за промени“.

Таа денеска на прес-конференцијата информираше дека имаа 51 советничка листа и 18 кандидати и кандидатки за градоначалници, а освоиле 25 илјади гласови на советничките листи и плус 9 илјади гласови од листата советничка во Градот Скопје. Како што посочи, ова значи дека на сите тие 51 листа вкупно имаат преку 34 илјади гласови.

Што се однесува до бројките и гласовите за градоначалниците, Морачанин рече дека имаат околу 25 илјади гласови добиени за нивните кандидати и кандидатки за градоначалници, и е задоволна од овој успех.
 – Навистина многу сме задоволни со овој успех и добро е што граѓаните ја препознаа нашата идеја, нашата визија заеднички без разлика на партиска припадност, членство, активисти, експерти да го искористиме сиот потенцијал што го имаме во државата и да обезбедиме поквалитетен и поздрав живот за секој граѓанин, рече Морачанин.