Никола Груевски кој е осуден на правосилна казна затвор и осомничен за повеќе кривични дела деновиве ќе ја стави на тест унгарската држава, откако во среда ќе му истече азилот, јавува IPortal.

Груевски на 20 октомври 2018 побегна од Македонија, откако му беше определена правосилна пресуда за затвор од две години.

Поранешниот премиер побегна во Унгарија и доби азил. Согласно правилата во оваа држава по точно три години од добивањето на азил мора да биде извршена ревизија, а засега евентуалната одлука на тамошниот систем е непозната.

Македонија има распишано потерница по Никола Груевски, па доколку не му биде обновен азилот, тој ќе треба да биде екстрадиран во земјава.