Враќањето и преземањето на голем број општини на локалните избори очигледно и даде крилја на опозициската ВМРО-ДПМНЕ за да побара ново парламентарно мнозинство, или предвремени парламентарни избори. Лидерот на оваа партија, Христијан Мицкоски, рече дека за тоа ќе одлучи раководството на партијата.

Шефот на АА, Зијадин Села, рече дека граѓаните ја изгубиле довербата во актуелната Влада и побара граѓаните да се подготват за нова Влада.

„Најавив и во текот на кампањата, ако опозицијата генерално го победи мнозинството од власта, граѓаните да се подготват за нова влада во декември, а потоа и дури по една година може да има нови парламентарни избори“, истакна Зијадин Села.

Но, шефот на извршната власт, Зоран Заев, бара Мицкоски да се воздржи бидејќи локалните избори имаат втор круг.

Пред локалните избори и македонските и албанските опозициски лидери изјавија дека доколку победат во повеќе општини, ќе бараат предвремени парламентарни избори.