Министерството за здравство потпиша договор за набавка на 40.000 дози четиривалентни вакцини против грип. Достапноста и испораката на вакцините зависи од производителите.
Ова за МИА го информираа од Министерството за здравство од каде посочуваат дека навремено ја спровеле набавката на вакцини за сезонски грип.
Граѓаните кои се вакцинирале со вакцина против Ковид-19, во рок од две недели, односно 14 дена, по примената втора доза, може да се вакцинираат со вакцина против сезонски грип – е препораката на Комисијата за имунизација, потенцираат за МИА од Министерството за здравство.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.