Осумнаесет месеци по воведувањето на забраната за патување во странство без дозвола поради коронавирусот, Австралија од следниот месец повторно ќе ги отвори своите граници, изјави денеска премиерот Скот Морисон.

Advertisements

Според ова, вакцинираните Австралијци „од следните недели“ ќе можат да се вратат дома и да патуваат во странство, откако во земјата ќе се постигне целта на 80 проценти вакцинирано население.

„Дојде моментот Австралијците да си го вратат животот. Се подготвуваме за тоа и Австралија многу брзо ќе биде подготвена за тоа“, рече Морисон.

Вакцинираните лица, додаде Морисон, ќе бидат во седумденевен карантин дома по нивното враќање во земјата, со што ќе се избегне задолжителниот скап 14-дневен карантин во хотел, што во моментов е на сила.

Прикажи повеќе