Кандидатите кои се тркаат за прв човек на Желино вчера во Клик Плус ги открија нивните програми 2021-2025. Кандидатот на Движење беса, Блерим Сејдиу, кој е и актуелен градоначалник, вети големи проекти.

„Фабриката за рециклирање на отпад, систем за канализација за сите делови на општина Желно, овде е опфатено и водоводот, бидејќи одат паралелно, и Младинскиот центар, дом на култура каде мислиме да направиме центар за настап на младината и културата во иднина“, истакна Блерим Сејдиу.

Фатмир Идризи од редовите на ДУИ, откри три главни проекти за општина Желино кои ќе ги реализира доколку победи на изборите на 17 октомври. Раскажува и како ќе ги обезбеди средствата за исполнување на ветувањата.

„Водоводот во Палатица, Требош и Озормиште, кој е заедничко. Средствата ќе бидат обезбедени како што направив за другиот дел, општината, Бирото за регионален развој, со аплицирање во Агенцијата за поддршка на руралниот развој, јавните набавки кои ќе бидат направени во ИПА фондовите, разни кредити на Светската и Европската банка“, посочи Фатмир Идризи.

Махир Зибери од АА/ААА, во изборната дебата на ТВ21 рече дека најважните проекти за Желино се: водовод, канализација и булеварот.

„Во Желино има водовод кој го плаќаме како да пиеме вино, а не вода, но за капиталниот проект кој го спомнавте во Желино, веќе неколку години велите дека ќе го изгради Катар или ќе го изградиме во овој изборен циклус, булевар кој стана познат и во секои избори е дел од програмата. Вие ќе го направите? Ќе го направиме!“, вели Махир Зибери.

Медин Назифи од ДПА вети изградба на средно училиште и противпожарна единица.

„Мојата желба е да го реализирам проектот за изградба на средно училиште нешто што на општина Желино и е ветено веќе 30 години. И во мој интерес е во општина Желино да има противпожарна единица бидејќи голем дел од селата се планински села и секогаш имаме проблем со пожарите“, порача Медиум Назифи.

Изборните дебатите во Клик Плус продолжуваат, а вечерва гости ќе бидат кандидатите за градоначалник на Кичево.