Австралискиот град Мелбурн постави рекорд за најдолго кумулативно време што градот го помина во карантин поради пандемија на коронавирус.

Advertisements

Мелбурн, главниот град на федералната австралиска држава Викторија, на источниот брег, во неделата акумулираше вкупно 245 дена, што ги помина со наредба да остане дома, објави каналот АБЦ.

Мелбурн со тоа го надмина претходниот рекорд што го држеше Буенос Аирес. Аргентинската престолнина издржа 234 дена карантин, од 20 март до 11 ноември 2020 година, и кратко десетдневно заклучување од 21 мај до 31 мај оваа година, објави АБЦ.

Прикажи повеќе