Од сезоната 2022 година, Формула 1 ќе премине на бензин Е10, што значи 90 проценти фосилни горива и 10 проценти етанол. Во 2025 година, планирано е болидите да се префрлат на нови енергенси. Дополнително, најавено е 100 проценти зелено гориво. Болидите треба да возат неутрализирајќи СО2 честички до 2030 година. Бензинот Е10 е исто така погоден за конвенционални мотори со внатрешно согорување.
За да се создаде такво гориво, ќе бидат потребни технологии за извлекување на јаглерод диоксид од атмосферата, или ќе се користи отпад и биомаса.
Емисиите на стакленички гасови во споредба со конвенционалните горива треба да се намалат за најмалку 65 проценти.
Ф1 тврди дека новите технологии нема да ја намалат брзината на автомобилите – енергетската густина на бензинот ќе остане непроменета. Се претпоставува дека горивото ќе се користи и кај конвенционалните автомобили – ова ќе го намали негативното влијание врз животната средина без целосно напуштање на моторите со внатрешно согорување.
До 2030 година, само осум проценти од автомобилите ќе бидат целосно електрични, се вели во извештајот на Формула 1. (МИА)