Малопродажните цени на бензините еуросупер 95 и еуросупер 98 се зголемуваат за 1,5 денар, додека на еуродизелот за два денара, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Advertisements

Од утре по полноќ, литар еуросупер 95 ќе чини 73,50 денари, еуросупер 98 ќе биде 75,50 денари, а дизел горивото ќе изнеусва 65 денари.

Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство се намалува за 0,50 денари и ќе чини 64,50 денари, додека на мазутот се зголемува за 1,351 денар и ќе изнесува 41,131 денари за килограм.

Прикажи повеќе