Највисокиот врв во Западна Европа, Мон Блан, е речиси еден метар понизок од пред четири години, велат експертите.

Advertisements

Тие додаваат дека, по експедицијата спроведена кон средината на септември, било утврдено оти врвот во центарот на француските Алпи бил висок 4.807,81 метри, а во 2017 година 4.808,72 метри.

-Собраните податоци сега треба да бидат прегледани од климатолози, експерти за глечери и други научници со цел да ги претстават своите теории за овој феномен-велат истражувачите во градот Сен Жервеј-ле-Бејн во подножјето на Мон Блан.

Во изминатата деценија, висината на Мон Блан беше на надолна траекторија. Највисоката била кога била измерена во 2007 година – 4.810,90 метри.

Експертите наведуваат дека од 2001 година, Мон Блан губи просечно околу 13 сантиметри годишно.

Прикажи повеќе