Како Душко Весковски се стекна со имот вреден 130 илјади евра?!, прашува Стевчо Јакимовски, кандидат за градоначалник на ГРОМ за скопската општина Карпош

На Душко Весковски му пречи бетонизацијата, но само кога нема имот на локацијата каде се гради.

Тврди дека е против бетонизација на општина Карпош, а лично бараше и ми вршеше партиски притисок за објект на кејот на Вардар!
Им должи одговор на гласачите, на оние од кои бара доверба зад параванот, колку пари зема од Орце Камчев?, рече Јакимовски на гостувањето во „Само вистина“.