Откако повеќе медиуми блиски на СДСМ и ДУИ објавија монтирано видео на кое е додадено лажно аудио во кое се користат навредливи зборови и говор на омраза реагира кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ во Бутел Дарко Костовски.

Тој го објавува оригиналното видео во кое се гледа дека не се споменуваат ниту “клети шиптари” ниту “чиста Македонија”.

“Читам дека бандитите на Велимир Смилевски се поприлично возбудени затоа што масовно бутелчани им затвораат врати, одбиваат било каков контакт, и не даваат поддршка на оние кои веќе еднаш ги разочараа. Дополнително се разочарани од првиот целосен дебакл кој го доживеа Велимир на ТВ дуелот, затоа единствено им преостанаа лажните вести и измислените видеа.
Пред некој ден Велимир со своите бандидти објави дека огранокот на Алтернатива во Бутел се приклонил кон него како кандидат, па за многу скоро време Алтернатива Бутел официјално демантираше.

Секој ден Велимир се повеќе ја губи довербата кај Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците, Србите и сега во немоќ и голема паника многу евтино намонтирале звук на видео кој најверојатно го лоцирале од видео на некоја навивачка група.

Колку што јас се сеќавам оваа снимка е од 2016 година, ако е автентична нивната звучно монтирана снимка, зошто тогаш не била објавена на парламентарните избори при крајот на 2016та или на локалните избори во 2017та, или пак на претседателските и парламентарните избори во 2019та и 2020та година ?
Зарем има здраворазумен човек во државата што ќе поверува дека една врвно сериозно организирана политичка партија како ВМРО-ДПМНЕ ќе скандира нешто слично на тоа што го намонтираа немоќните криминални банди на Смилевски ?

Што уште можам да очекувам, до каде ќе ви оди лудилото ?

Знам дека нема да застанете тука, но тоа само дополнителни ме мотивира.

Кој свесно сака да ги раструри меѓуетничките односи во Бутел ?

Јас затоа ќе ги почестам со вистинското видео, необременето со лажната снимка која ја шират бандидите на Смилевски: чујте, има и што да научите.

И сосема на крај, ќе ги победиме сите заедно. Народот, чесниот народ против бандидите од власта!”, пишува Костовски.

Во видеото кое го објавува СДСМ преку свои канали јасно се слуша дека во делот каде се споменува говорот на омраза има разлика во тонот а нема ниту звук од моторот што влегува во кадарот.

Оригиналното видео

https://www.facebook.com/darkokostovskizabutel/videos/901577157456344/

Лажното монтирано видео

https://www.facebook.com/174070792498/posts/10158846099337499/