Министерот за надворешни работи во наредните денови ќе ги посети Германија, Полска и Словенија, каде ќе има билатерални средби и ќе учествува на меѓународни настани, а ќе разговара и за европското досие на земјава

Шефот на дипломатијата, Бујар Османи, утре почнува во неколку земји од ЕУ, а меѓу темите на разговор ќе биде и интеграцијата на земјава во Унијата.

Како што најавија од неговиот кабинет, тој утре ќе отпатува во Германија каде ќе има средби со германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, и со државниот министер надлежен за Европа, Михаел Рот.

-Посетата има за цел да се продолжи високиот политички дијалог со Германија, но и да се реафирмираат германските позиции во однос на нашето европско досие, особено пред одржувањето на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Словенија, велат од Министерството за надворешни работи (МНР).

Турнејата Османи ќе ја заокружи со учество на Самитот ЕУ-Западен Балкан што ќе се одржи во Брдо кај Крањ, Словенија. На Самитот тој ќе замине во средата и ќе ѝ се приклучи на државната делегација што ќе ја предводи премиерот Зоран Заев.