Премиерот Заев не го поддржува предлог законот за скратено работно време на администрацијата, односно во петок да работи само по 4 часа.

Убеден е дека ова е предизборно ветување на некоја од партиите, кое по реакциите на граѓаните може да биде и повлечено.

Вели ако сакаме да швајцарски плати треба сите да работиме ефикасно и сериозно и во приватниот и во јавниот сектор.

Истакна дека од 165.000 административци, нивниот број сега  е намален на 132.000. А во моментов 15 илјади работат во министерствата.