Премиерот Зоран Заев преку ФБ профилот порача дека по 20 години нашата држава, како што вели, организирала успешен попис. Тој вели дека во едната рака имаме НАТО, а во другата успешен попис.

После 20 години, имаме УСПЕШЕН попис!  Заврши пописот – попишани се преку 99% од граѓаните, попишани се околу 1 милиони и 860 илјади граѓани, околу 570.000 домаќинства и околу 840.000 станбени единици. Нека ни е честито, покажавме кој има капацитет, а кој нема. Да сме горди на себе – за само три години, тоа што било невозможно со децении, денес го имаме во нашите раце: во едната рака ни е НАТО, во другата рака – успешен попис. Нека е аирлија!, напиша Заев.