33 еколошки автобуси на гас. „Дрисла“ вратена на Град Скопје и нов концепт за третман на комуналниот отпад. Никој веќе не зборува за загадениот воздух благодарение на 40-те мерки против загадувањето. Ова се дел од проектите со кои се пофали Шилегов синоќа од Пајко маало пред Скопјани. Во наредниот мандат вели дека предизвик му е започнатото решавањето на сообраќајниот хаос во градот.

„Знам дека подеднакво сите не болеше тоа што му се случуваше на овој наш град. Комплетно отсуство на взиија, комплетно отсуство на морал. Затрупан во гипс, стиропор, бронза. Служевме за потсмев, се гушевме во невкус и кич, додека криминалот ни го продаваа како успешен проект. А денес е различно и неспоредливо подобро. Вложивме многу љубов во секое скоспко маало“, истакна Петре Шилегов.