„Мислам дека треба да се ревидираат сите ДУП-ови , мислам дека последниот што го прочитав податок беа 22 ДУП-а и 11 елаборати во однос на ситуацијата со Холидеј Ин. Мислам дека овдека треба да се интервенира, за тоа што проблемите кај нас се и во Законот за градежништво и Законот за урбанистичко планирање, значи сите аномалии ни се во тоа“, истакна Наташа Котлар Трајкова, кандидат за градоначалник на општина Центар во гостувањето во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.

Котлар Трајкова додаде дека сериозно во тоа треба да се интервенира, барем како локална самоуправа што преставува како јавен интерес и до каде можат да се однесуваат некои нешта.

„Се додека не се постави неопходниот баланс во однос и на територија и на населеноста, и на градбата ќе имаме многу ригорозен однос кон понатамошно градење. Може да се гради само во Маџир маало и во Крњево“, појасни Котлар Трајкова.