Мексиканскиот новинар Мануел Гонзалес Рејес е убиен во државата Морелос, во централниот дел на земјата, соопшти локалното обвинителство.
Рејес, директор на локалниот портал „Морелос“, е убиен вчера попладне во Куернавака, главниот град на сојузната држава Морелос, кога бил застрелан од двајца напаѓачи на мотор, пренесуваат американските медиуми.
Организацијата за слобода на медиумите „Артикл 19“ го осуди убиството на Гонзалес, кој е шести новинар убиен годинава во Мексико. (МИА)