Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, пристигна во посета на Северна Македонија. Вархеји се сретна со премиерот Заев. Тоа станува јасно од објава на премиерот на Твитер.

„Отворено разговараме на неколку теми како што е Економскиот инвестициски план, кој е навистина силен позитивен импулс за нас, до конкретни проекти кои ќе бидат објавени до крајот на годината. Една од темите за разговор ни беа и подготовките кои ни претходат за претстојниот Самит за Западен Балкан во Словенија следната недела каде што ќе имаме одличен простор за заедничка дискусија. Европскиот пат е важен за двете страни, и за С Македонија и за ЕУ, и посветени сме на тој процес“, стои во објавата на Заев на „Твитер“.