Ахмети со зелена агенда и најава за сигурна победа во Тетово

Претседателот на ДУИ Али Ахмети вечерва пред жителите на Тетово истакна дека изборната платформа на неговата партија се базира на зелената агенда која гарантира подобар квалитет на живот за сите граѓани на Тетово.

„Не сме пресметале дали ќе победиме или не, ние сме подготвиле проекти. Јас сум оптимист како што станавме членка на НАТО и така ќе се интегрираме во ЕУ. Јас сум сигурен дека ќе се случи победа во Тетово на 17 октомври Теута ќе добие трет мандат, Теута има предност, таа е победник“, истакна Ахмети.

Лидерот на ДУИ подвлече дека сигурен во победата на неговата партија во Тетово.