„Ние во нашата програма не познаваме населби во кои живеат определени етнички заедници. Ние ги препознаваме населбите како населби кај што има одредени комунални проблеми кои треба да се решаваат, односно да се изготват проекти и да се реши тој проблем“, истакна Оливер Илиевски, кандидат за градоначалник на Општина Куманово од СДСМ во Изборната дебата на ТВ21.

Тој додава дека СДСМ се мултиетничка партија и тие први го промовирале концептот и се држат до него.

Покрај Илиевски, во студиото се и кандидатите Максим Димитриевски како независен и Беким Салиу од коалицијата АА-ААА, додека пак не дојдоа кандидатите Тони Михајловски од ВМРО-ДПМНЕ и Теодора Димитровска (ЛДП/ДОМ).