Скопска апелација ја потврди затворската казна на екс претседателот на Основниот кривичен суд Скопје Владимир Панчевски, меѓутоа ја намали од 3,5 на 2,5 години.
Првостепено беше прогласен за виновен поради злоупотреба на службената положба дека рачно местел предмети кај одредени судии. Обвинението опфаќа 45 предмети.
Панчевски тогаш ги отфрлаше обвинувањата и кажа дека истото било политичко.
Во казната од две години и шест месеци треба да му се смета и притворот на Панчевски во Шутка, мерка која беше изречена поради негово обезбедување за присуство на главна расправа.