Европа треба да престане да е наивна кога станува збор за одбрана на своите интереси и градење сопствени воени капацитети, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон, откако со Грција потпиша договор за купување француски фрегати за околу три милијарди евра, пренесува Ројтерс.

Advertisements

Франција падна во длабока дипломатска криза во односите со САД, Австралија и Велика Британија претходно овој месец по трилатералниот нуклеарен пакт, поради што Франција остана без профитабилен договор за испорака на подморници Канбера.

– Европејците мора да престанат да бидат наивни. Кога сме под притисок на силите што повремено ја заоструваат нашата позиција, треба да реагираме и да покажеме дека имаме сила и капацитет да се браниме. Без ескалација на работите, туку да се заштитиме – рече Макрон на прес -конференција со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис.

Францускиот претседател истакна дека ова „не е алтернатива на сојузот со САД“ или негова замена, туку „преземање одговорност за европскиот столб во НАТО и изведување заклучок дека Европа има задача да се грижи за сопствената заштита.”

Според денешниот договор, Атина се согласи да купи три фрегати со опција за купување и четвртата за околу три милијарди евра, изјави извор од грчката влада за Ројтерс.

Прикажи повеќе