Тамара Цветкоска е млад спортски талент од Прилеп, која има потреба од финансиска помош за да отиде на Балканското првенство во борење, што ќе се одржи на 27 октомври во Ксанти, Грција. Таа е член на репрезентацијата на РС Македонија во борење и досега во 10 официјални борби има постигнато 9 победи. Нејзниното семејство нема финансиска можност да ги обезбеди подготовката, потребните медикаменти и патувањето до Ксанти каде што ќе се одржи самиот спортски настан. Финансиите се потребни исто така и за цела тековна година во која се вклучени преку 30 натпревари.

Донациите можете да ги испраќате на следната трансакциска сметка.

Ги повикуваме сите што можат да помогнат да донираат за оваа наша млада шампионка.

Сите заедно за Тамара!