Актуелната градоначалничка на Битола од редовите на СДСМ, Наташа Петровска, синоќа не се појави на стартот на изборната кампања на митингот на владеачката партија во градот под Пелистер, каде беше присутно целото раководство на партијата, но и други градоначалници, пишува „Фактор“.

Ова следува, откако СДСМ не и даде шанса на Петровска за втор мандат, а партијата одлучи да оди со бизнисменот Јристо Кондовски.

Петровска вечерта сепак не се појави на митингот со кој СДСМ и официјално ја започна изборната кампања.