Поминаа 19 дена од пожарот во модуларната болница во Тетово. Обвинителството во Тетово сè уште прибира докази за причините за пожарот. Од таму велат дека извештаите од направеното вештачење до сега не се стигнати во ЈО во Скопје.

„Во Основното јавно обвинителство Тетово се прибираат вербални и материјални докази со кои треба да се расчисти настанатиот пожар во Модуларната болница во Тетово. Извештаите од наредените вештачења до овој момент не се пристигнати во обвинителството“, велат од Основно јавно обвинителство.

Од ЈО во Скопје велат дека до сега ги добиле само извештаите од обдукцијата а на жртвите.

„Во тек е сослушувањето на членовите на семејствата на жртвите, по што ќе бидат повикани и сослушани и други лица кои можат да дадат податоци битни за натамошниот тек на постапката“, додаваат од Основно јавно обвинителство. .

За трагедијата од 8 септември во која животот го загубија 14 лица, речиси целиот државен врв побара брза истрага. За подетална истрага, во земјава пристигнаа германски експерти за откривање на причините за пожарот.