Зголемувањето на бројот на вакцинирани лица во Полошкиот регион значително го зголеми бројот на гости во баровите и рестораните. Од воведувањето на ограничувањата до сега, бројот на вакцинирани лица во Тетово е зголемен за околу 20 насто. Сопствениците на кафулињата и рестораните во Тетово велат дека ги почитуваат мерките во целост и дека доказ за тоа се лицата на кои не им е дозволен влез во просториите без потврдата за вакцинација.
„На почеток, посетеноста на младите луѓе беше значително помала, бидејќи повеќето не ја примиле првата доза од вакцината. Бројот на клиенти неодамна се зголеми, повеќето од нив со прва доза, но има и со втора доза. Имаше случаи кога враќавме клиенти затоа што немаа доза на вакцина, но во последно време повеќето од нив ја почитуваат мерката на Владата и во најголем дел се вакцинирани со првата доза, но има случаи кога земале и втора“, изјави Башким Локи- угостител.
„Нормално е дека во првите 5-6 дена имаше драстично намалување на клиентите. Бевме затворени 10 дена бидејќи многу граѓани на Тетово и на Полог воопшто не беа вакцинирани и беше невозможно да се дозволат трошоците кои се фиксни. Минимум 20-30 луѓе враќаме секој ден, не им дозволуваме да седнат поради не примање вакцини. На почетокот се подразбира дека оваа бројка беше многу поголема, бидејќи повеќето граѓани не беа вакцинирани и во првите денови немавме скоро воопшто клиенти“, рече Висар Садики- угостител.
Угостителите велат дека се соочуваат со строга контрола и високи казни доколку ги прекршат мерките. Од СВР Тетово велат дека мерките се почитуваат и доказ за ова се малиот број казни. По заострувањето на мерките изречени се само четири казни. Вакцинацијата против ковид 19 во Македонија започна на 17 февруари. Досега со две дози се вакцинирани 700.000 граѓани. За да се постигне колективен имунитет, треба да се вакцинираат 70 до 80 отсто од населението.
Вјолца Алити