Четиригодишно дете и близнаци на возраст од седум години вчера беа задавени во стан во Загреб од нивниот татко.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, 56-годишниот Харлад Копиц потоа се обидел да се самоубие.  Зад скапите облеки на угледниот човек се криело лицето на монструмот.

Станува збор за австриски државјанин, угледен финансиски консултант кој живеел и работел во Загреб. Со сопругата наводно биле разведени, па децата викендов биле кај него на гости.

Во својот последен статус на „Фејсбук“ напишал: „Збогум на сите“, а како мотив ги навел нарушените односи со бившата сопруга и сегашната партнерка.

Овие дечиња беа давени до смрт од својот родител! Нека почиваат во мир!