Според податоците на Државниот завод за статистика, во јули 2021 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти во земајва изнесува: 602 525 МWh електрична енергија, 34.819 мил. нм3 природен гас, 354 361 тони јаглен и 109 198 тони нафтени продукти.

Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 81.4 отсто во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 96.91 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија, соопшти ДЗС.

Прикажи повеќе