Министерот за здравство д-р Венко Филипче попладнево оствари средба со претставници на хируршкиот колектив на ГОБ 8 Септември и со директорот на болницата д-р Христијан Костов.
На средбата беа разгледани повеќе аспекти од состојбата, односно во ГОБ 8 Спетември во моментов се лекуваат 100 пациенти со ковид, па оттука и редуцираноста на бројот на хируршки одделенија, но сепак со запазување на итни случаи како малигноми и фрактури. Тие интервенции се одвиваат тековно.
За време на средбата се најде привремено решение за оперативниот програм за следната недела, а во тек на престојните денови министерот со лекарите ќе разговараат и за трајно решение за предизвикот.
Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, најголем број од пациентите се невакцинирани и тоа сериозно го оптеретува здравствениот систем.