Во недела во Германија се одржуваат парламентарни избори, чиј исход се смета за крајно неизвесен, а единственото нешто што е сигурно е дека Ангела Меркел повеќе нема да биде канцелар по 16 години.
Advertisements
Конзервативната Христијанско-демократска унија (ЦДУ) на Меркел ја предводеше Германија во претходните четири мандати, но последните анкети за јавното мислење покажуваат дека сега може да победат партиите од левиот центар.